ВИДЕО: Судир на два воза во Стразбур, преку 20 повредени

Два трамваи се судрија во тунел во источниот француски град Стразбур, при што беа повредени најмалку дваесет лица, соопштија властите.

Трамваите се судрија во близина на главната железничка станица во Стразбур, една од најпрометните во Франција надвор од Париз.

Во 1994 година, Стразбур беше првиот голем француски град кој повторно ги воведе трамваите, откако услугата беше затворена во 1960 година. Од повторното воведување немало поголеми несреќи.

„Дваесет лица“ се повредени, изјави портпаролот на префектурата, повикувајќи се на прелиминарна проценка. Тој додаде дека се уште не е утврдена причината за несреќата.

Голем безбедносен периметар бил поставен пред станицата, каде што се позиционирале бројни амбулантни возила, според новинар на АФП од местото на настанот.

Болничарите и пожарникарите ги товареа повредените обезбедени на носилки во амбулантни возила.

Градоначалничката на Стразбур, Жана Барсегијан и други високи функционери се упатиле кон станицата, каде што видеото објавено од сведок на социјалните мрежи покажува хаотична сцена со двата трамваи значително оштетени во тунел во близина на станицата.

Се чини дека еден од трамваите излетал од шините како резултат на ударот.

Лоциран во историскиот регион Алзас, Стразбур е официјално седиште на Европскиот парламент.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни