„Парамаунт Пикчерс“ го претстави првиот трејлер за својот нов музички филм „Штрумфови“, во кој пеаачката Ријана и го позајми гласот на Штрумфета. Покрај оваа улога, Ријана била вклучена и во продукцијата во „Парамаунт Анимација“, а исто така напишала и оригинални песни за филмот.
„Пробав да ја добијам улогата на Големиот Штрумф, но не успеав“, се пошегува Ријана.
Режисери на филмот се Крис Милер и Мет Ландон, додека сценариото го напишала Пам Брејди. Гласовите, покрај другите, ги позајмиле Курт Расел и Џон Гудман, пишува „Варајети“.