Ново истражување покажува дека вештачката интелигенција може да открие одредени карактерни особини на луѓето преку анализирање на нивната историја на разговори со AI алатки како ChatGPT.
Истражувачи од ETH Цирих анализирале повеќе од 62.000 разговори од 668 корисници од САД и Велика Британија. Потоа создале AI модел кој се обидел да ги препознае таканаречените „големи пет“ особини на личноста: дружељубивост, совесност, емоционална стабилност, екстровертност и отвореност.
Учесниците истовремено пополниле и психолошки тестови, а резултатите покажале дека моделот успеал со точност до 61 проценти да ги предвиди нивните карактерни особини. Најпрецизни резултати биле добиени кај дружељубивоста и емоционалната стабилност, додека совесноста била потешка за проценка.
Истражувањето покажало и дека вештачката интелигенција е поуспешна кога има повеќе разговори за анализа, што значи дека колку повеќе некој користи AI, толку полесно системот може да создаде психолошки профил за него.
Научниците предупредуваат дека иако ризикот за поединците не е голем, злоупотребата на вакви податоци може да доведе до ширење дезинформации, политичка пропаганда и масовна манипулација.
Тие сметаат дека резултатите од студијата може да помогнат во развој на подобри системи за заштита на приватноста и автоматско отстранување на лични податоци од AI разговорите.