Вештачка интелигенција може да ја предвиди склоноста кон корупција кај државните службеници

Истражувачи од Виена развија модел со вештачка интелигенција кој ја предвидува склоноста кон корупција кај државните службеници врз основа на нивните вредности и ставови.

Истражувачи од Универзитетот за економија и бизнис во Виена (WU) развија модел базиран на вештачка интелигенција кој може да ја предвиди склоноста на државните службеници кон корупција врз основа на нивните лични вредности и ставови. За развојот на моделот информираше Канцеларијата на Град Виена во Белград.

Студијата, спроведена од Мориц Шмид и Јирген Вилемс, покажува дека ставовите кон демократијата, конкуренцијата и лидерството се посигурен показател за потенцијално коруптивно однесување отколку нивото на образование или висината на приходите.

Истражувањето опфатило податоци од околу 18.000 државни службеници од 90 земји. Анализирани биле нивните ставови за прашања како оправданоста на поткупот, даночното затајување и незаконското користење државни бенефиции.

Бидејќи корупцијата тешко се мери на индивидуално ниво, истражувачите како индикатор ги користеле ставовите на испитаниците кон различни форми на незаконско однесување. Покрај класичните статистички методи, тимот применил и модели на објасниво машинско учење за да ја процени важноста на повеќе од 100 фактори што можат да влијаат врз склоноста кон корупција.

Резултатите укажуваат дека лицата со посилна приврзаност кон демократските вредности покажуваат значително помала склоност кон коруптивно однесување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс