Апликацијата „TOKYO Enmusubi“, создадена со поддршка од властите во Токио, користи вештачка интелигенција за проценка на компатибилноста на паровите и веќе придонесе за стотици успешни бракови.
Во обид да се справи со нискиот наталитет, градската управа на Токио во 2024 година ја лансираше апликацијата „TOKYO Enmusubi“, која со помош на вештачка интелигенција ги поврзува луѓето што бараат брачен партнер. Според официјалните податоци, досега преку платформата се склучени 265 бракови.
Апликацијата е развиена по истражување кое покажало дека околу 70 проценти од лицата заинтересирани за брак не преземаат активни чекори за да пронајдат партнер. За да се обезбеди дека корисниците имаат сериозни намери, при регистрацијата тие морале да потврдат дека не се во брак и да поминат онлајн интервју.
До крајот на јуни оваа година, платформата имала околу 16.000 регистрирани корисници и повеќе од 760 парови кои биле во сериозна врска.
Една корисничка изјавила дека ја презела апликацијата како „последна шанса“ пред својот 40. роденден, додека друг корисник истакнал дека системот за проценка на компатибилноста совршено го поврзал со неговата сегашна партнерка.
Јапонија и натаму се соочува со сериозен демографски пад. Во 2025 година во земјата се родиле рекордно ниски 671.236 бебиња, што е десетта последователна година со намален наталитет.