Велика Британија ги ажурираше фрижидерите за да се спаси од хакерски напади

Велика Британија направи ажурирање на системите за ладење на комерцијалните фрижидери и замрзнувачи за да се заштитат од хакерски напади.

Британска операција за сајбер безбедност ја среди ранливоста на оперативните системи за комерцијалните фрижидери и замрзнувачи кои ги користат супермаркетите, стовариштата и ресторанита за да може да се заштитат од хакерски напади.

По бранот хакерски напади на комерцијалнтие фрижидери и замрзнувачи низ Европа изминатиов период, безбедносните служби работеа на наоѓање решение за проблемот. Во нападите во октомври и ноември низ Европа беа исклучувани или пуштани на греење илјадници фрижидери и замрзнувачи поради што супермаркетите исфрлија храна вредна милиони евра.

Првичните проценки биле дека фрижидерите во Велика Британија се безбедни бидејќи користат поинакви уреди, но експерти од индустријата пронашле слична ранливост и во нивните системи што отворало можност за хакерите.

Експртите објавија дека сега е веќе направено ажурирање на системот.

По нападот во Германија, германските власти предупредија дека ранливоста доаѓа од системот од данската компанија Данфос.


Франција официјално го обвини Иран за хакерскиот напад во кој беа погодени 700 бизниси и беа предизвикани над 15 пожари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс