Од противпожарната бригада потврдија дека интервенирале во болницата откако пожарот избувнал во внатрешната просторија на одделението за ортопедија.
Лекарите и болничарите веднаш започнале со евакуација на пациентите, а спроед очевидци на седмиот кат на болницата гореле и инвалидски колички на балконот.
Командирот на скопската противпожарна бригада Звонко Томески потврди дека пожарот е изгаснат и кажа дека биле запалени инвалидски колички.
„Ништо сериозно, направена е евакуација веднаш. Од неодговорен човечки фактор, отпушок од цигара, е предизвикана оваа ситуација. Утврдуваме фактичка состојба во моментов, но нема никаков ризик ниту за пациентите ниту за персоналот“, изјави директорот на болницата д-р Синиша Стојаноски за „Скопје1“.
