Ангус Џонс глумеше во серијата „Два и пол мажи“ со Чарли Шин и привлече големо внимание од публиката која обожаваше да го гледа, што му даде статус на најплатено дете ѕвезда.
Денешните наши луѓе би рекле дека „славата му удрила во глава“, но некаде на половина пат од растењето, Ангус целосно се смени – пушти брада и коса, почна да се моли и да верува во враќањето на Исус Христос.

Еден пријател близок до неговото семејство еднаш рекол дека младиот актер се приклучил на црквата затоа што не сакал да заврши како Чарли Шин, додека пречесниот Кристофер Хадсон од христијанското богослужба „Forerunner Chronicles“ изјавил за Daily Mail дека не се обидел да го „испере мозокот“ на ѕвездата, како што се сомневала неговата мајка Кери.
Ангус загрижи многумина со изјавата за серијата која го збогати:
„Глумам во таа серија, но не сакам да бидам во неа. Ве молам, престанете да ја гледате и да ја полните главата со ѓубре. Да знаевте какви ефекти има врз вашиот мозок, верувам дека веднаш би престанале да гледате такви содржини. Не е можно да се биде вистински религиозен човек и да се учествува во таква серија во исто време. Тоа целосно е во спротивност со она што ме учи Библијата“, рече Џонс.
