„Уживај ја Европа“: Богата програма на 9 мај во Градски парк Скопје

Во музичката зона, на сцената кај „Школка“, ќе настапат бендови во живо и диџеи, кои ќе понудат урбани звуци и европска атмосфера

На 9 мај, по повод Ден на Европа, во Градскиoт парк во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Уживај ја Европа“, со повеќе тематски зони наменети за различни генерации посетители.

Во музичката зона, на сцената кај „Школка“, ќе настапат бендови во живо и диџеи, кои ќе понудат урбани звуци и европска атмосфера.

Љубителите на гастрономијата ќе имаат можност да уживаат во зона на локални вкусови, организирана во соработка со Slow Food Водно, каде ќе бидат претставени производи од домашни производители и занаетчиска кујна.

Во рамки на настанот ќе биде поставена и зона на маалски бувљак, во организација на Kombo Creative Studio, со акцент на циркуларната економија и поддршка на мали локални бизниси.

Посетителите ќе можат да се запознаат и со концепти за одржлива економија преку иницијативата Yes for Less, која промовира еколошки и одговорен начин на живот.

Дополнително, ќе има зона посветена на растенија и растителни изработки, организирана од The Cvetko, каде ќе се промовира културата на заедницата преку љубовта кон растенијата.

За најмладите и семејствата е предвидена зона на активности, реализирана со поддршка на Team Europe, која ќе понуди интерактивни содржини и забава за сите возрасти.

Во рамки на настанот ќе биде поставен и дел со штандови за храна.

Организаторите најавуваат целодневна програма исполнета со музика, гастрономија, едукација и забава, со цел да се одбележи Денот на Европа и да се промовираат европските вредности и начин на живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни