Утрово во близина на станбени објекти и патеки по кои секојдневно поминуваат граѓани забележани бил најмалку две угинати кучиа.
Според првичните информации и сведоштва на активистите, постои основан сомнеж дека станува збор за намерно труење со силни хемиски средства.
Од здруженијата за заштита на животни упатија итен апел до сопствениците на миленици да бидат крајно внимателни при прошетките, но нагласуваат дека опасноста не е ограничена само на животните.
„Фрлањето отрови на јавни површини е кривично дело кое директно го загрозува животот на кучињата, но претставува и огромна закана за децата кои си играат во парковите и за сите граѓани кои се движат во оваа околина“, велат активистите.
Оттаму додаваат дека овој инцидент е само еден во низата слични случаи на труење низ главниот град, кои често завршуваат без правна разрешница.
Се повикуваат граѓаните, доколку забележат сомнителни материи (често во форма на прашок или подметнати во храна) или лица кои сомнително се однесуваат, веднаш да пријават во најблиската полициска станица.