Утринскиот сообраќај се одвив по суви патишта и без подолги чекања на граница

АМСМ со предупредување за внимателно возење на делници каде има можност од одрони.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлини, речни долини и клисури. Поради можност од појава на одрони, зголемено внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Засега нема пријавени подолги задржувања на граничните премини при влез и излез од државата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс