Угина една од двете мечки во битолската зоолошка градина. Се работи за мажјак стар околу четириесетина години, кој според надлежните во ЗОО Битола угинал поради старост.
Претходно мечката немала здравствени проблеми.
Животното според интерната евиденција досега нема белешки за посериозни здравствени проблеми.
Откако му се влошила состојбата, веднаш е лекувано од ветеринарен доктор, но за жал без успех.
Живеалиштето ги задоволува минималните просторни и хигиенско-технички услови за сместување на овој вид пропишани со законските прописи и меѓународните стандарди, наведуваат од Зоолошката градина во Битола.
Директорот на Зоолошката градина, Жарко Тренкоски, кој денес е прв ден на оваа функција уверува дека смртноста во установата е во рамки на просекот и се должи на возраста на животните. И Тренкоски , како и неговиот претходник, потврдува дека најголем проблем во битолската Зоолошка градина е недостигот на стручен кадар.