Уапсен убиецот од Дрниш, кај него најдени оружје и нож

По голема полициска потрага, 50-годишниот осомничен бил совладан на приод кон Дрниш и пренесен во шибенската полиција.
Foto: Dalmatinski portal

Хрватската полиција го одведе Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишниот доставувач на пица Лука М. во Дрниш. Со врзани раце зад грб, тој околу 10:30 часот бил внесен во полициско комбе и пренесен во шибенската полиција на понатамошна постапка.

Полицијата утрово соопшти дека 50-годишниот осомничен е уапсен и приведен во службени простории, каде што е во тек криминалистичка истрага. Во текот на денот се очекува да биде предаден на притворски надзорник во Шибеник.

Кај осомничениот пронајдени оружје и нож

Според деталите што ги објави полицијата, осомничениот бил забележан околу 2:30 часот на подрачјето на Дрниш, на приод кон градот. Полициските службеници брзо реагирале, го совладале со употреба на физичка сила и средства за врзување.

При прегледот кај 50-годишникот биле пронајдени огнено оружје и нож со сечило долго 20 сантиметри. По апсењето бил одведен во полициска станица, каде што продолжила истрагата.

Дрниш беше под полициска опсада

Силни полициски сили од саботата навечер трагаа по Алексиќ, кој беше осомничен за убиството на 19-годишниот доставувач. Злосторството се случило во саботата околу 23 часот, на терасата од семејната куќа на осомничениот.

Поради потрагата, биле затворени сите влезови и излези од градот, а граѓаните биле повикани да не ги напуштаат домовите. Во акцијата учествувале голем број полициски службеници, службени кучиња трагачи, хеликоптер и дронови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс