Турција воведува забрана: деца под 15 години без пристап до социјални мрежи

Турција донесе закон со кој им се забранува на деца под 15 години да користат социјални мрежи. Платформите ќе мора да воведат проверка на возраст.

Турција воведе нова регулатива со која им се забранува на деца под 15 години да користат социјални мрежи, откако парламентот го усвои законот, пренесува Анадолу.

Според новите правила, малолетниците нема да можат да отвораат профили на дигитални платформи, додека компаниите ќе мора да имплементираат системи за проверка на возраста. Ова значи дека пристапот до социјалните мрежи ќе биде строго контролиран.

Дополнително, родителите ќе добијат алатки за следење и ограничување на времето кое децата го поминуваат пред екран. Во случаи на ширење штетна содржина, платформите ќе бидат обврзани да реагираат во рок од еден час, објави телевизијата NTV.

Законот ќе стапи во сила шест месеци по неговото објавување во службен весник.

Европа размислува за слични мерки

Прашањето за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за малолетници станува сè поактуелно и во Европа. Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна предложи младите да имаат „ден без интернет“ секој месец, со цел да се поттикнат кон читање и спорт.

Во меѓувреме, Европска комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен, заедно со 12 земји членки – Германија, Австрија, Кипар, Шпанија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Чешка и Словенија веќе дискутираат за можни слични ограничувања.

Овие иницијативи доаѓаат во време на растечка загриженост за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје и развојот на младите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни