Од 14ти до 16ти јуни ќе трае Мери Џејн 2024 фестивалот за канабис во Берлин, каде што нашиот тим од Трн во живо ќе ја следи забавата. Денес е првиот ден, а Мери Џејн на инстаграм ги потсети добрите луѓе дека смеат да носат до 25г канабис, а дека ако сакаат можат и да си го донесат својот бонг.
Канабисот има многу разновидни својства и начини на употреба. Мери Џејн е основан баш за да ја развие свеста на луѓето околу канабисот и неговите различни употреби. Бидејќи канабис кој содржи ТХЦ досега бил нелегален во Германија, ова е првата година каде што Мери Џејн ќе работи со полна пареа. Сите производи поврзани со канабис ќе бидат истражувани, испробувани додека фестивалот нуди различни сцени каде што ќе може да се ужива без пречки и без рестрикции.
Од 2016 година, Мери Џејн Берлин ја презентира разновидноста на конопот или канабисот – од мегатрендот ЦБД до неговата употреба во козметиката, како градежен материјал или како состојка во текстилот. Во 2023, во Мери Џејн Берлин се сретнаа рекордни 28.500 посетители и 250 изложувачи од 40 земји.
По големиот успех од последните години, најголемиот германски саем за производи од коноп и канабис се проширува и ќе се одржува на локацијата Месе Берлин од 14-ти до 16-ти јуни 2024 година.
Во соработка со „Messe Berlin“, Мери Џејн Берлин дополнително ќе ја зајакне својата позиција како водечки трговски и потрошувачки саем за пазарот на коноп и канабис и ќе им понуди на своите изложувачи и спонзори уште повеќе можности за презентација.
„Многу сме задоволни што успеавме да го организираме Мери Џејн Берлин да се случува во „Messe Berlin“. Со три сали на северниот влез и придружната палата кај радио кулата, овој настан има извонредна нова локација и инфраструктура. „Надвор од сите клишеа за потрошувачката на канабис, пред нашите очи се развива нов, самоуверен економски сектор со голем потенцијал за раст“, рече д-р. Ралф Клајнхенц, виш потпретседател на Месе Берлин.
На фестивалот ќе има забави со диџеј сетови, концерти и долги вечери испробување различни врсти на канабис. Освен тоа, Мери Џејн е еден од најпознатите саеми за коноп и канабис, каде што се одржуваат конференции на кои доктори, инфлуенцери, економисти и новинари ќе разговараат отворено за канабисот. Ќе се разговара околу индустриската вредност на конопот, каква иднина може да се очекува за канабисот, како канабисот може да и помогне на економијата, „од семка до берба во 100 дена“, „канабис клубовите и нивните членови – што точно сакаат?“ и многу други разговори ќе се започнат на овој саем/фестивал.