Министерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие регистрирани се три пријави за семејно насилство.
На 25.05.2026 во 04:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го уапсиле Т.С.(51) од Битола, бидејќи во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга, а притоа користел и метални и дрвени предмети. Од страна на судија од Основен суд Битола на Т.С. одредена му е мерка притвор.
На 25.05.2026 во 20:50 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово уапсен бил Н.Ј. (28) од кумановско село, затоа што физички ја нападнал неговата мајка.
На 25.05.2026 во 15:40 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го уапсиле А.А.(48) од Кичево, по претходна пријава дека на 24.05.2026 околу 11:30 часот во семејниот дом на пријавениот, тој физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна партнерка од кичевско.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави, додаваат од МВР.