Американскиот претседател Доналд Трамп објави мапа на Ормускиот Теснец на својата мрежа Truth Social, на која спорниот стратешки регион го означи како „нова територија на САД“. На мапата се опфатени Ормускиот Теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и областа околу Дубаи.
Објавата доаѓа само еден ден откако Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ над регионот поврзан со Ормускиот Теснец. „Тоа значи многу работи, вклучително и копнена територија“, изјави Трамп, додавајќи дека Вашингтон би сакал Иран да постигне договор.
Иран: Новите санкции се „осудени на пропаст“
Иран остро реагираше на најавата на Вашингтон за нови санкции. Министерот за надворешни работи Абас Аракчи ги отфрли мерките, оценувајќи дека американската кампања на економски притисок е „осудена на пропаст“.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, оцени дека санкциите не се само продолжување на економскиот притисок врз Техеран, туку и обид САД да наметнат авторитет врз суверени држави.
Во меѓувреме, Иран дозволил одреден број ирачки нафтени танкери да поминат низ Ормускиот Теснец, откако Багдад повеќепати побарал такво олеснување. Ормускиот Теснец е од клучно значење за глобалното снабдување со нафта и енергетските пазари.