Носителот на студентската листа Илија Срдановиќ: Вучиќ заврши на буништето на историјата

Илија Срдановиќ изјави дека очекувале ваков изборен резултат и најави дека ќе работат на подобра Србија, подобри односи со соседите и со меѓународната заедница.
epa13331780 Ilija Srdanovic (C), lead candidate of the 'Student List', celebrates after the parliamentary elections in Belgrade, Serbia, 25 October 2026. Approximately 6.5 million eligible voters were called to the polls to elect lawmakers for a four-year term. EPA/ANDREJ CUKIC

Илија Срдановиќ, носител на листата „Студентите победуваат“, изјави дека верувале оти резултатите од парламентарните избори во Србија ќе бидат токму такви. Студентската листа оствари победа над владејачката Српска напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ, а Срдановиќ најави дека ќе работат на подобри односи со соседите и со меѓународната заедница.

Во изјава за црногорскиот медиум „Вијести“, тој рече дека за време на кампањата биле во непосреден контакт со граѓаните и дека нивните барања ги вградиле во изборната програма.

„Вучиќ заврши на буништето на историјата“

„Во текот на целата кампања бевме во директен контакт со граѓаните. Тие лично нè запознаа и ни кажаа што им недостига. Тие насоки ги вклучивме во нашата програма, а граѓаните ни поверуваа. Знаевме и постојано истакнувавме дека исходот ќе биде токму ваков“, изјави Срдановиќ.

Осврнувајќи се на изборниот резултат, кој малкумина го очекувале, тој рече:


„Замислете колку е убедлива оваа победа кога човекот што повеќе од деценија и половина ја завиваше Србија во црно заслужено заврши на буништето на историјата. Но, да не зборуваме за тоа. Ќе градиме подобра Србија за доброто на нашите граѓани, за подобри односи со соседите и со целата меѓународна заедница. Ви благодарам“, порача Срдановиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс