Американската поморска блокада на иранските пристаништа стапи на сила, согласно најавите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, откако пропаднаа мировните преговори со Иран и ПАкистан.
Во меѓувреме, реториката на Трамп повторно предизвика реакции во Европа, откако тој упати критики кон NATO и кон Папата, што дополнително ги продлабочи трансатлантските тензии. Џ. Д Венс пак испратил нова понуда до Иран со порака дека преговорите ќе продолжат. Трамп тврди дека војната со Иран е „на самиот крај“ и дека договор може да се постигне во рок од два дена. Европа веќе подготвува воена мисија за периодот по конфликтот, без да се потпира на САД. Израел и Либан пак ја одржаа првата рунда разговори во Washington, D.C
Развој на настаните
Светска Банка планира пакет помош до 100 милијарди долари за земјите од Блискиот Исток погодени од војната во наредните 15 месеци, најави претседателот Аја БАнга.
Во Европа, Валдис Домбровски предупреди дека мерките за ублажување на кризата мора да бидат внимателно насочени и привремени, со цел да се избегнат грешките направени за време на енергетската криза во 2022 година, особено во однос на зависноста од фосилни горива.
Европа без доверба во Вашингтон?
Сѐ погласни се сигналите дека европските лидери подготвуваат самостојна стратегија за постконфликтниот период на Блискиот Исток, без директна координација со САД. Причината е непредвидливоста на политиките на Трамп и неговите повторени напади врз сојузниците.
Ова би можело да значи пресврт во односите меѓу Европа и САД, со потенцијално долгорочни последици за безбедносната архитектура на континентот.