Пожар на Бруклинскиот мост за време на прослава во Њујорк: пламен и чад среде огномет

За време на прославата на Денот на независноста во Њујорк се запали Бруклинскиот мост. Пожарот брзо е изгаснат, а нема пријавени повредени.
epa13088277 An FDNY boat puts on a water display ahead of the 250th Independence Day fireworks display in New York, New York, USA, 04 July 2026. EPA/LAURA BRETT


За време на градскиот огномет по повод Денот на независноста, на Бруклинскиот мост во Њујорк избувна пожар кој за кратко време предизвика густ чад и пламен над една од најпознатите градски знаменитости. Пожарот настанал додека мостот бил затворен за сообраќај поради прославата. На терен веднаш интервенирале две противпожарни возила, а огнот бил брзо ставен под контрола, соопшти градската противпожарна служба.

Според првичните информации, нема повредени лица. Од пожарната служба наведуваат дека вакви инциденти за време на масовни огномети не се невообичаени, поради што безбедносните мерки се строго засилени. Прославите во Њујорк се одвиваа во услови на силно обезбедување и променливо време, кое веќе предизвика откажувања и одложувања на настани на источниот брег на САД.

е-Трн да боцка во твојот инбокс