Поранешната државна обвинителка на САД, Пам Бонди, се враќа во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на нова советничка функција, само неколку недели откако беше сменета од должноста. Според повеќе американски медиуми и извори блиски до администрацијата, Бонди се враќа по период во кој, како што се наведува, таа тајно се борела со рак на тироидната жлезда.
Нова функција во Белата куќа
Бонди е именувана во Претседателскиот совет на советници за наука и технологија на САД, тело кое има сè поголемо значење во обликувањето на политиката за вештачка интелигенција (AI) и технолошката конкуренција со Кина. Советот е основан со извршна уредба во март, а со него претседаваат: Дејвид Сакс, поранешен советник за вештачка интелигенција во Белата куќа и Мајкл Крaциос, советник за наука и технологија
Меѓу членовите се и водечки технолошки лидери како: Џенсен Хуанг NVIDIA, Марк Цукерберг и Meta, Лари Елисон Oracle
Иако Бонди сè уште не е официјално наведена во јавниот список на членови, американскиот медиум Axios објави дека таа ќе помогне во координацијата помеѓу владините функционери и технолошките лидери. Дополнително, таа ќе има улога поврзана со национални инфраструктурни проекти.
Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс ја поздрави нејзината одлука да се врати во тимот на Трамп.
Од смена до враќање
Само неколку недели претходно, Трамп ја разреши Бонди од позицијата државен обвинител и на нејзино место привремено го постави Тод Бланш. Оттогаш Министерството за правда спроведе неколку високо профилирани иницијативи, вклучително и постапки поврзани со поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми ).
По заминувањето од Министерството за правда, Бонди се повлече од јавноста. Подоцна беше откриено дека ѝ бил дијагностициран рак на тироидната жлезда. Според извори блиски до случајот, таа веќе поминала третман и се опоравува.
Се очекува Бонди да сведочи пред Комитетот за надзор и реформи на Претставничкиот дом на САД, каде ќе биде испрашувана за постапувањето на Министерството за правда со документи поврзани со случајот на Џефри Епстин.