Трамп ја претстави новата американска патна исправа со својот лик

Според објавените информации, новиот дизајн користи портрет на Трамп базиран на неговата слика во Националната галерија Смитсонијан во Вашингтон и се разликува од претходните верзии што годинава ги претстави Стејт департментот.

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот дизајн на специјалното, ограничено издание на американската патна исправа, изработено по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави.

„Нов американски пасош: Добредојдовте, но однесувајте се добро!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, објавувајќи фотографија од примерокот.

На едната страница од документот се наоѓа портрет на Трамп над претседателското биро, со текстот на Декларацијата за независност во позадина и негов потпис на дното. На спротивната страница е прикажано познатото историско дело „Декларација за независност“ од сликарот Џон Трамбул.

Сепак, најмногу реакции предизвика пораката „Добредојдовте, но однесувајте се добро!“. Голем број корисници на социјалните мрежи ја исмеаја пораката, посочувајќи дека пасошот не им се издава на странци кои влегуваат во САД, туку на американски државјани кои патуваат во странство и имаат загарантирано право да се вратат во својата земја.

Поради тоа, многумина коментираа дека предупредувањето нема логика за документ чија основна намена е идентификација на сопствените државјани при меѓународни патувања.

Според објавените информации, новиот дизајн користи портрет на Трамп базиран на неговата слика во Националната галерија Смитсонијан во Вашингтон и се разликува од претходните верзии што годинава ги претстави Стејт департментот.

Белата куќа подоцна ја сподели истата илустрација на социјалната мрежа X, опишувајќи ја како „нова американска патна исправа во чест на 250 години Америка“. Засега не е потврдено дали токму овој дизајн ќе биде и официјалната финална верзија на јубилејното издание.

е-Трн да боцка во твојот инбокс