Трагедија во Индонезија: Се запали траект, најмалку петмина загинаа, десетици се водат како исчезнати

На бродот имало 271 лице, спасени се 225, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите.

Најмалку пет лица загинаа, а 41 се водат како исчезнати, откако утрово избувнал пожар на траект во близина на индонезискиот остров Мадура, соопшти државната служба за потрага и спасување. На траектот се наоѓале 271 лице, меѓу кои патници и членови на екипажот. Досега се спасени 225 луѓе, додека спасувачката операција за пронаоѓање на исчезнатите продолжува.

Траектот пловел од Сурабаја, во покраината Источна Јава, кон Макасар во Јужен Сулавеси. Засега не е познато што го предизвикало пожарот. Несреќата се случила во близина на островот Мадура, кој се наоѓа покрај североисточниот брег на Јава.

Локалните власти соопштија дека истрагата за причините за пожарот е во тек, додека спасувачките тимови продолжуваат да ги пребаруваат водите околу местото на несреќата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс