Трагедија во Гвинеја: најмалку 30 лица загинаа во одрон на депонија

Шест лица се тешко повредени, додека уште 16 се здобиле со полесни повреди. Спасувачките екипи со багери и друга тешка механизација продолжуваат да го расчистуваат теренот и да трагаат по евентуални преживеани.

Најмалку 30 лица загинаа, а 22 се повредени откако огромна количина отпад се одронила и затрупала шатори и импровизирани објекти на депонија во Конакри, главниот град на Гвинеја.

Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, во општината Гбесија, по обилните врнежи. Според локалните информации, одронот бил толку голем што затрупал и станбена зграда.

Шест лица се тешко повредени, додека уште 16 се здобиле со полесни повреди. Спасувачките екипи со багери и друга тешка механизација продолжуваат да го расчистуваат теренот и да трагаат по евентуални преживеани.

Трагедијата доаѓа само една недела откако властите најавиле затворање и дислокација на депонијата, токму поради опасностите што ги претставува, особено во сезоната на обилни дождови. Иако Гвинеја располага со огромни природни богатства – меѓу најголемите резерви на боксит во светот и значајното наоѓалиште на железна руда Симанду – земјата и понатаму се соочува со сериозни инфраструктурни проблеми и широко распространета сиромаштија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс