Фудбалскиот свет е потресен по веста за смртта на 25-годишниот Џејдем Адамс, репрезентативец на Јужна Африка, кој неодамна настапуваше на Светското првенство 2026. Адамс ги одигра сите три натпревари во групната фаза на Мундијалот и на теренот помина вкупно 116 минути, бранејќи ги боите на својата репрезентација на најголемата светска фудбалска сцена.
Причината за неговата смрт засега не е објавена. Веста ја потврдиле неговиот адвокат и менторката Брендине Џонсон, која соопштила дека разговарала со Адамс само неколку дена претходно и дека тој бил позитивен и добро расположен.
„Не можам да ги најдам вистинските зборови. Ве молам почитувајте ја приватноста на неговото семејство. Ова никој не го очекуваше“, изјавила Џонсон.
Клубот на фудбалерот засега не ја потврдил официјално информацијата, ниту објавил дополнителни детали. Џејдем Адамс останува запаметен како еден од младите играчи кои добија можност да ја претставуваат Јужна Африка на Светското првенство 2026.