„Toxic Town“ на Netflix – серија за еден од најшокантните еколошки скандали во Велика Британија

Приказната е инспирирана од вистински настани кои кулминирале со историска пресуда на Вишот суд во 2009. година. Судот тогаш утврди дека општинскиот совет на Корби бил немарен во управувањето со токсичниот отпад во поранешната челичарска фабрика од 1980-те до 1990-те години

Нова серија, која се занимава со еден од најшокантните еколошки скандали во Велика Британија, ќе пристигне на Netflix на крајот на февруари. Toxic Town ја раскажува приказната за загадувањето во англискиот град Корби во текот на 1980-те, кое подоцна било поврзано со сериозни вродени деформации кај децата.

Во главните улоги се појавуваат Џоди Витакер, Аиме Лу Вуд и Роберт Карлајл, а серијата е базирана на вистинскиот скандал со токсичниот отпад во Корби.

Четириделната серија, која премиерно ќе се појави на Netflix на 27 февруари, ја следи група мајки кои се бореле за правдата со години. Сценариото го потпишува Џек Торн, а во актерската екипа се и Рори Кинер, Брендан Кајл, Клаудија Џеси и Џо Демпси.

Приказната е инспирирана од вистински настани кои кулминирале со историска пресуда на Вишот суд во 2009. година. Судот тогаш утврди дека општинскиот совет на Корби бил немарен во управувањето со токсичниот отпад во поранешната челичарска фабрика од 1980-те до 1990-те години.

Иако општинскиот совет негирал каква било одговорност и тврдел дека не постои врска помеѓу одлагањето отпад и деформациите кај децата, судијата Акенхед утврдил дека постои „статистички значаен“ пораст на случаите на физички оштетувања помеѓу 1989 и 1999 година. Подоцна, семејствата на погодените деца добиле отштети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс