Околу 40.000 жители на јужна добија наредба за евакуација откако дошло до истекување на опасна токсична хемикалија од резервоар во објект на авионска компанија. Инцидентот се случил во градот, југоисточно од, каде властите се обидуваат да спречат експлозија на резервоар што содржи метил-метакрилат, високо запалива и токсична хемикалија што се користи во производството на пластика.
Резервоарот почнал да се прегрева
Според локалните власти, проблемот започнал во четвртокот попладне, кога резервоарот почнал да протекува и да се прегрева, создавајќи опасност од експлозија. Сенаторот на Калифорнија,, ситуацијата ја опиша како „масовен инцидент со истекување индустриска хемикалија“ по брифингот со службите за јавна безбедност. Тимовите работат на спречување на пукање или експлозија на резервоарот.
„Се обидуваме да утврдиме како безбедно да ја решиме ситуацијата“, изјави претставникот на службата,.
Резервоарот моментално се лади со вода однадвор за да се спречи дополнително загревање, а дополнителни проблеми предизвикал и неисправен вентил.
Властите предупредуваат на сериозни здравствени ризици
Здравствените власти предупредија дека при загревање хемикалијата испушта пареи кои можат сериозно да ги иритираат белите дробови и дишните патишта, а кај изложените лица да предизвикаат вртоглавица и мачнина. Докторката изјави дека долготрајната изложеност може да доведе до „тешки респираторни проблеми“.
Поради опасноста, властите наредиле евакуација на подрачје од околу 23 квадратни километри.