Тивки, нетипични симптоми на срцев удар и мозочен удар: можат да личат на вирусна инфекција или пијанство

Лекарите предупредуваат на нетипични симптоми на инфаркт и мозочен удар. Според, лекарката, Данијела Јефтиќ од Институтот за ургентна медицина во Белград треба да внимаваме на тивките, нетипични знаци преку паралелата на срцеви и мозочни удари.

„Тивкиот срцев удар може да личи на вирусна инфекција. Тоа значи болка во мускулите, особено во рацете, слабост, мачнина, исцрпеност и обилно потење“, вели Јефтиќ.


Според неа, типичен мозочен удар може да личи и на блага интоксикација, при што лицето има ненадејна главоболка, визуелни нарушувања, двоен вид, заматен вид, нестабилно одење, не разбирање што го прашувате и не може јасно да одговори. Тоа значи проблеми со видот, говорот, одење, ненадејни главоболки и лоша координација на движењата.

Проверете го притисокот

Таа додава дека по Ковид пандемијата има изненадувања во однос на здравствената состојба, вклучително и кај младите.

„Граѓаните кои имаат висок крвен притисок, особено во топлите денови, треба редовно да ги проверуваат вредностите и по потреба да ја намалуваат или менуваат терапијата во консултација со својот лекар“, советува д-р Јефтиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни