ByteDance, сопственикот на TikTok, влегува во автомобилската индустрија во соработка со Seres. Првиот електричен „TikTok автомобил“ со напредна вештачка интелигенција се очекува да биде претставен до крајот на годината.

„TikTok автомобил“ пристигнува: ByteDance и Seres подготвуваат прв електричен модел со AI технологија


Власникот на TikTok, кинеската компанија ByteDance, подготвува влез во автомобилската индустрија преку нов заеднички проект со производителот Seres. Станува збор за развој на нов електричен автомобил кој на кинескиот пазар би можел да се појави уште во текот на оваа година. Проектот предвидува создавање на сосема нова автомобилска марка, која ќе се потпира на платформата за вештачка интелигенција Volcano Engine, развиена од ByteDance. Првиот модел се очекува да биде кросовер, комбинација од SUV и лимузина – и ќе се произведува во фабриката на Seres во Чонгкинг.

Она што го издвојува овој автомобил е силната интеграција на вештачка интелигенција, која треба да функционира како „дигитален мозок“ на возилото. Таа ќе овозможи напредно гласовно управување, персонализирани поставки и различни паметни функции во внатрешноста на кабината. Покрај целосно електрична верзија, се најавува и модел со продолжувач на домет. Претставувањето на автомобилот се очекува до крајот на годината, а проектот веќе привлекува големо внимание во јавноста и неофицијално е наречен „TikTok автомобил“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс