СЗО: Сè уште нема простор за паника околу хантавирусот

Светската здравствена организација уверува дека хантавирусот не се шири лесно меѓу луѓето, иако на крузерот MV Hondius беа регистрирани смртни случаи и заразени патници.

Светската здравствена организација соопшти дека ризикот за јавноста од хантавирусот останува многу низок, и покрај епидемијата регистрирана на крузерот „MV Hondius“, каде што починаа три лица, а неколку други патници беа заразени.

Случаите се поврзуваат со варијантата „Анд“, редок вид хантавирус кој може да се пренесе од човек на човек. Починатите се брачен пар од Холандија и жена од Германија, а здравствените власти продолжуваат да ги следат контактите на заразените.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, изјави дека вирусот не се шири лесно меѓу луѓето. Како пример, тој посочи дека дел од лицата кои делеле кабина со заразените не развиле симптоми, што според СЗО покажува дека заразноста е ограничена.

Дополнително, стјуардеса на KLM која била во контакт со заразен патник била тестирана негативно, што здравствените власти го оценија како охрабрувачки сигнал.

Крузерот „MV Hondius“ се очекува да пристигне во Тенерифе во недела, но шпанските власти најавија дека бродот нема директно да се закотви во пристаништето. Засега, СЗО уверува дека нема причина за паника и дека ризикот за пошироката јавност останува низок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни