Второ издание на ,,Сумасумарум’’ ќе се случи овој викенд на 26 октомври пред станбен блок ,,Сума’’ со почеток во 12:00 часот.
Ќе ја стартуваме нашата работилница со најмладите сограѓани од целиот град. Работилница која ќе помогне на секое дете да дојде во контакт со ѕидот и со помош на спреј или четка да ги покаже своите вештини. На настанот ќе се приклучат @qrecords.mk и @diecastclubkumanovo кои ќе ве внесат во нивниот свет на колекции.@pucacerep е човекот кој ќе се погрижи за добриот звук” велат организаторите.