Два локални воза се судрија во Данска, при што биле повредени најмалку 17 лица, од кои четворица се во критична состојба, изјавија службите за итни случаи за Ројтерс. Несреќата се случила северно од Копенхаген, на линијата што ги поврзува градовите Хилерод и Кагеруп, соопшти полицијата во соопштението.
„Два локални воза се судрија челно“, изјави портпарол на службите за спасување за Ројтерс. „Има повредени патници. Сите излегоа од возовите, никој не е заробен… Голем број сили се испратени на местото на настанот“, додаде портпаролот.
Јавниот радиодифузен сервис DR прикажа снимки од два жолто-сиви воза, при што двата со видливи оштетувања на предната страна, како стојат еден спроти друг во шумска област.
Повредените се транспортирани од местото на настанот со амбулантни возила и хеликоптери, соопшти противпожарната служба на мрежата X.