Студентите му одговорија на Вучиќ: Претседателе, ве нема на листата

Српските студенти кои со месеци предводат протести му вратија на претседателот по неговите навреди за кандидатите на изборите.
Фото: World Economic Forum/Ciaran McCrickard/Flickr

Студентите кои со месеци ги предводат противвладините протести во Србија му упатија ироничен одговор на српскиот претседател Александар Вучиќ. По неговите изјави во кои потенцијалните кандидати на студентската листа ги нарече паразити на државен трошок, младите активисти му порачаа дека е грешка, бидејќи на листата го нема него.

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати остри критики кон студентското движење што со месеци предводи противвладини протести низ Србија. Вучиќ ги нарече кандидатите на студентската изборна листа „паразити на државните јасли“, обидувајќи се да го намали влијанието на нивните општествени барања.

Студентите на тоа одговорија со иронична порака до шефот на државата. Тие му порачаа на дека тој воопшто не се наоѓа на нивната листа, пренесувајќи реакција која брзо се прошири во јавноста.

„Ама претседателе, вие не сте на листата“, гласеше реакцијата на студентите, со која го исмеаја обидот на власта да ги дискредитира нивните барања и активности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс