Денеска во Кривичниот суд продолжува судењето против Стојанче Јовановски кој се товари за три кривилни дела меѓу кое и наведување на самоубиство.
На рочиштето исказ даде обвинетиот Јовановски кој во детали зборуваше за односот со сехга покојната Ивана, но ис ведокот Мартин Саздов, со кој Ивана, според Јовановски, била во врска.
Стојанче Јовановска кажа дека самиот Мартин Саздов му признал дека тој и Ивана ставиле дрога во неговиот автомобил со цел тој да заврши во затвор.
На кобниот ден сите тројца ја земале Катја од училиште и го обвини Марин Саздов дека тој наводно ја навел Ивана на самоубиство.
„Мартин рече „види какво детенце имаш, нели ти е жал да го изгубиш, јас да сум на твое место подобро би се убил отколку ова да го направам“. Јас си играв со Катја и стигнавме пред нашата зграда. Ивана инсистираше да се качи сама со Катја во станот. Јас се спротиставив и се качивме сите заедно. Кога сакав да влезам во станот за да ги почекам додека се спремаат, ми се вратија мислите за тоа што ми го подметнаа во колата и им го кажав тоа. Мартин почна да негира и ме влечеше со сила да излезам од станот. Јас се спротиставував, но Катја се вознемири и затоа јас го напуштив станот. Се симнавме јас и Мартин. Ивана ми ѕвонеше, јас не ѝ се јавив, па му ѕвонеше на Мартин и му кажала дека ќе ми се јави мене на камера. Се јавив на камера и Ивана беше со Катја во раце. Катја беше во лила џемперче. Почнав да викам „Ивана, Ивана“, се упатив кон влезот на зградат и слушнав силен тресок. Се упативме двајцата кон пролазот меѓу зградата и кафулето и Мартин почна да вика „Ивана, Ивана, Ивана паднала“. Јас кога го слушнав тоа се вознемирив уште повеќе, излегов на улицата, се фрлив пред кола, колата ме удри по ногата. Ја отворив вратата и им реков да свртат десно за да ми помогнат. Потоа се јавив во брза помош, со намера дека ќе им помогнат, дека се живи. Потоа не се сеќавам, дојдоа полицајци, почнаа да ме смируваат, да ми велат „добри се, добри се“ – сведочеше Стојанче Јовановски.
Кокаин во крвта на Стојанче на кобниот ден
Пред исказот на Стојанче, исказ пред судот дадоа и лекарите од тимот за обдукција.
Според тврдењето на доктороите во анализите на крвта на Ивана немало никакви траги од алкохол, дрога или лекови.
Истовремено, во резултатите на крват и урината на Стојанче утврдено било присуство на кокаин, но и дијазепам, но според докторите не може точно да се утврди дали тие биле земени конкретниот ден или ден два порано.