Трикратниот добитник на Оскар и режисер на филмови како „Шиндлеровата листа“, „Спасувањето на Рајан“, „Паркот Јура“ и „Ајкула“ има само еден клучен услов за актерите кои сакаат да работат со него: да нема авансна уплата.
Спилберг ги замолува своите ѕвезди да се обложат – односно да преземат дел од ризикот со него кога станува збор за успехот на филмот. Наместо вообичаените големи хонорари што многумина ги бараат пред да започне снимањето, тој инсистира дека заработката зависи исклучиво од тоа колку ќе заработи филмот. Тој вели дека работи на ист начин:
„Не сум примил режисерска плата 18 години. Ако филмот не заработува пари, ни јас не заработувам пари. Имам исти очекувања од актерите“, објасни тој.
Кога ја прифати улогата во филмот „Малцински извештај“, Том Круз се согласи со тие правила. „Тој не доби никаков аванс, а не му беа гарантирани никакви пари ако филмот не успее“, изјави еднаш Спилберг за „Њу Зеланд Хералд“. Том Хенкс го направи истото во „Спасувањето на војникот Рајан“, а подоцна, благодарение на процент од заработката, собра значителна сума пари.

„Повеќето од моите филмови дури немаат ниту актерски ѕвезди. Но, на оние кои сакаат да работат со мене, веднаш јасно им велам: ако јас ризикувам, и вие ризикувате“, истакна тој.
Тоа е ризик што може да влијае и врз него и врз актерите. Сепак, станува збор за легендарниот Стивен Спилберг, па затоа е тешко дека филмот нема да заработи голема бројка.
„И не е жртва кога имате можност да работите со него“, коментираше еден корисник на Reddit. Друг додаде:
„Всушност, тоа е добитна комбинација – актерите не мора да се грижат бидејќи не зборуваме за почетници, а Спилберг им нуди шанса да заработат уште повеќе ако филмот успее.“
За споредба, режисерот Кристофер Нолан има многу поинакво правило: нема столчиња на снимањето!
Актерката Ен Хатавеј еднаш рекла дека неговиот став бил многу јасен: „Ако луѓето имаат столчиња – ќе седнат. А ако седнат – нема да работат.“