Иако по главното јадење се чувствуваме целосно сити, многумина без проблем посегнуваат по парче торта или сладолед. Ова не е знак на недостиг од самоконтрола, туку резултат на начинoт на кој функционира мозокот.
Научниците оваа појава ја нарекуваат специфична ситост. Кога долго време јадеме храна со ист вкус, мозокот постепено го намалува чувството на задоволство од неа и испраќа сигнал дека сме сити. Но, кога ќе се појави нов вкус, како слаток десерт по солено јадење, повторно се активира апетитот.
Овој механизам во минатото имал важна улога за преживување, бидејќи ги поттикнувал луѓето да внесуваат разновидна храна и повеќе хранливи материи. Денес, кога изборот на храна е огромен, истиот механизам често нè наведува да јадеме повеќе отколку што навистина ни е потребно.
Доколку сакате полесно да ја контролирате количината на храна што ја внесувате, експертите советуваат помала разновидност на јадења во еден оброк, бидејќи мозокот побрзо создава чувство на ситост.