Денеска, петок, 6 ноември, времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со променлива облачност и услови за утринска магла во одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер, а дневните температури ќе се движат од 10 до 17 степени. Слично време се очекува и во Скопје. По студеното утро, во текот на денот ќе преовладува сончево време, со температура до околу 14 степени. Во вечерните часови температурите значително ќе опаднат.
За време на викендот, сабота и недела, 7 и 8 ноември, се очекува намалена облачност и повеќе сончеви периоди низ земјата. Сепак, утрата ќе бидат студени, со минимални температури од -3 до 5 степени, додека дневните ќе се движат од 9 до 15 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје и околината, за викендот се очекува претежно сончево време, со дневни температури околу 12 до 13 степени. Утринските температури ќе се спуштат до околу 2 степени, а во котлината повторно ќе има услови за појава на магла.
Поради ведрите ноќи, утрата ќе бидат особено студени, па се препорачува потопла облека во раните часови. Во текот на денот, пак, сончевото време ќе овозможи попријатни температури.
