„Слушни ромски“ – Светскиот ден на ромскиот јазик

По повод 5 Ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, вечер од 18.30 часот во Едукативниот културен центар Лабораториум ќе се одржи настан насловен „Слушни ромски“ (Šun romane).

Организатор на настанот е Ромскиот културен и медија центар Бариканипе во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико и Здружението на љубители на ромскиот фолклор Романо Ило.

Настанот ќе опфати панел-дискусија на ромски јазик, креативен перформанс и ќе биде изложена библиотека со книги на ромски јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни