Синдикалната кошница над 69 илјади денари: За едно семејство трошоците растат и во септември

Минималните трошоци за живот во септември се зголемиле за 757 денари во однос на август, покажуваат податоците на ССМ.

Синдикалната минимална кошница за септември 2026 година изнесува 69.432 денари, што е за 757 денари повеќе во споредба со августовската вредност од 68.675 денари, информира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според податоците на ССМ, трошоците се значително повисоки за четиричлено семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри.

Во тој случај, вредноста на синдикалната минимална кошница за септември достигнува 84.807 денари.

Податоците ја покажуваат сумата што, според методологијата на ССМ, му е потребна на едно семејство за покривање на основните трошоци за живот во текот на месецот. Во споредба со август, кога кошницата изнесувала 68.675 денари, септемвриската вредност претставува зголемување од 757 денари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс