Силувањето како оружје: 9.788 случаи во 2025, Русија и Израел за прв пат на листата на ОН на осомничени држави

На 19 јуни светот го одбележува Меѓународниот ден за елиминација на сексуалното насилство во конфликт. Годинешниот извештај на Генералниот секретар на ОН е меѓу наjлошите: случаите пораснале драматично, а за прв пат на листата на осомничени страни се нашле и израелски и руски вооружени сили.

На 19 јуни 2026 година, Обединетите нации го одбележуваат Меѓународниот ден за елиминација на сексуалното насилство во конфликтите. Датумот не е случаен, на 19 јуни 2008 година, Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои Резолуцијата 1820, со која за прв пат во историјата сексуалното насилство беше именувано како тактика на војна и закана по меѓународниот мир и безбедност. Осумнаесет години подоцна, тактиката продолжува. Во 2025 година, ОН верификуваа 9.788 случаи на сексуално наилство во 21 конфликтна зона.

9.788 случаи се само дел од вистинската слика

Специјалната претставничка на Генералниот секретар за сексуалното насилство во конфликт, Прамила Патен, на 29 мај 2026 година изjави дека случаите на сексуално насилство како тактика на воjна, тортура, тероризам и политичка репресиjа во 2025 година пораснале драматично во споредба со 2024 година и при тоа се карактеризираат со екстремна бруталност и огромно мнозинство насочени кон жени и девоjки.

Вкупниот броj на случаи на сексуално насилство во конфликт идентификувани низ целиот свет во 2025 година изнесува 9.788. Овие бројки треба да се разбираат не како целосна слика, туку како показател за многу поширок образец на прекршувања кои во голема мера остануваат невидливи и неpријавени, изjавила Патен. Жените и девоjките конзистентно сочинуваат над 90 отсто од пријавените случаи.

На терен секое силување пријавено во врска со конфликт, 10 до 20 случаи остануваат недокументирани. Стравот и културната стигма конвергираат за да го спречат огромното мнозинство на преживеани да проговорат.

Русија и Израел: двете нови имиња на листата

Годинава за прв пат во историjата на извештаjот, Генералниот секретар стави две нови држави на листата врз основа на верификувани информации: израелски вооружени и безбедносни сили и руски вооружени и безбедносни сили.

За Русија, руските вооружени и безбедносни сили беа ставени на листата врз основа на верификувани информации укажувачки на продолжени образци на силување и други форми на сексуално насилство извршени главно против украински воени заробеници и цивилни притвореници. Во 2025 година, ОН успеаjа да верификуваат 310 случаи на сексуално насилство поврзано со конфликт, вклучувајki силување, групно силување, генитално осакатување, електрошокови и тепање по гениталиите на 280 мажи, 26 жени и четири девоjки.

За Израел, во 2025 година, ОН успеаjа да верификуваат 31 случај, главно во услови на притвор, но и на контролни точки и за време на воени операции против 14 мажи, седум жени, девет момчиња и едно девоjче од Газа и Западниот Брег. Прекршувањата вклучуваа силување, вклучително и со предмети, групно силување, обид за силување, физичко насилство врз гениталиите, насочено пукање по гениталиите, допирање на гради и гениталии, телесни пребарувања спроведени без очигледна безбедносна оправданост, присилна голотија и закани со силување

И Израел и Русија jа отфрлиjа листата. Израелското министерство за надворешни работи jа нарече одлуката „уште еден пример на долгогодишната институционализирана непријателство на ОН кон Израел”. Рускиот амбасадор jавно ветил писмо до Генералниот секретар.

Хаити, Судан, Конго: каде бројките се наjтешки

Листата со 21 конфликтна ситуација во извештаjот ги покрива жариштата низ целиот свет. Наjвисок броj на верификувани случаи е забележан во Централноафриканската Република, Демократска Република Конго, Хаити, Сомалија и Jужен Судан. Бројките за поедини земjи даваат конкретна форма на апстрактната статистика. Во Хаити, УНИЦЕФ документирала пораст од 1.000 отсто на сексуалното насилство врз деца помеѓу 2023 и 2024 година. Во источна Демократска Република Конго, УНИЦЕФ известила во април 2025 година дека секои полчас се пријавувало силување на дете.

Во Украина, ОН Жени извести во февруари 2026 година дека повеке од 5.000 жени и девоjки биле убиени. Во Газа, ОН Жени проценила дека повеке од 28.000 жени и девоjки биле убиени помеѓу октомври 2023 и маj 2025 година, во просек по еден на час.

Децата: фокус на 2026 година

Пораката на Генералниот секретар Антонио Гутереш за годинешниот ден е директна. Оваа година фокусот е на децата подложени на ова злосторство. Додека конфликтите ескалираат низ целиот свет, шокантен броj девоjчиња и момчиња стануваат жртви на силување, сексуалното ропство, принудниот брак и трговиjата со луѓе. Многу се брутализираат за време на напади врз нивните домови или додека бегаат од насилството. Сексуалното насилство врз деца е намерна стратегиjа, употребена за казнување на заедниците и кршење на социjалните врски.

Завршувањето на ова зло бара акциjа на три фронта: заштита, за деца во конфликтни зони да бидат безбедни; одговорност, жртвите да добиjат правда и сторителите да се соочат со последиции; и превенциjа, со отстранување на причините за сексуалното насилство, зајакнување на институциите и инвестирање во услуги насочени кон деца.

Резолуцијата 1820 и 18 години подоцна

Денот се одбележува од 2015 година, но темелниот документ е постар. На 19 јуни 2008 година, Советот за безбедност усвои Резолуцијата 1820 која за прв пат сексуалното насилство го именуваше како тактика на воjна и закана по меѓународниот мир. Конфликтите растат глобално, при тоj делот од светот засегнат од конфликт пораснал за 65 отсто откако 2021 година. Сексуалното насилство во конфликт останува меѓу наjразорните последици на воjната.

Осумнаесет години по Резолуциjата 1820, меѓународната заедница располага со поjасна правна рамка, поjак систем за документирање и повеkе механизми за одговорност. Броjот на верификувани случаи расте. Тоа не е само лоша вест: дел од растот одразува подобро документирање. Но дел одразува реалност која резолуциите и декларациите не успеале да jа запрат.

Патен го кажа директно пред Советот за безбедност: „Ако сме сериозни за мирот, мора да ги финансираме институциите кои мирот го прават можен. Ако сме сериозни за безбедноста, мора повторно да го потврдиме владеењето на правото и да ги одговориме сите кои извршуваат, командуваат или дозволуваат тешки прекршувања.”

е-Трн да боцка во твојот инбокс