Силна бура го погоди Сплит, улиците се под вода

Поради локалните врнежи од дожд, можно е задржување на голема количина вода на коловозите, како и појава на свлечишта

Силно невреме погоди делови од Јадранското Море, а во раните попладневни часови по Задар, се пресели во поширокото подрачје на Сплит. Голема количина дожд за кратко време создаде порои во неколку делови од градот, пишува Dalmacija danas .

До 12:30 часот, во областа Солин наврнале 50 литри дожд на квадратен метар. После тоа, силен дожд го погодил Сплит и околината, предизвикувајќи бројни патишта да бидат под вода.

Полицијата апелира за претпазливост

Сплитско-далмaтинската полиција предупреди дека патиштата се влажни и лизгави и им препорача на возачите да ја прилагодат брзината и стилот на возење на условите на патот.

Поради локалните врнежи од дожд, можно е задржување на голема количина вода на коловозите, како и појава на свлечишта. Полицијата објави дека добила пријави за одлетување на капаци од шахти и свлечишта на патот Стара Клишка на неколку делници во Сплит и Солин.

На возачите им се препорачува да бидат дополнително внимателни бидејќи патиштата се под вода, а во сите делови од градот се појавија и ненадејни поплави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс