Search

Швеѓанец возел Тесла и заспал: Се разбудил после 40 км

Сцените за кои најмногу се зборува во Америка пристигнаа и на европските патишта.

На шведската полиција и биле потребни цели 40 километри за да го разбуди возачот кој заспал зад воланот на Тесла. Неименуваниот возач на Model X бил забележан од друг возач на Tesla, кој забележал дека возилото се движи со несоодветна брзина и во насока за која не сигнализира.

Кога го стигнал, видел дека возачот е онесвестен зад воланот. Тој повикал полиција, а патролата пристигнала за рекордно време. Меѓутоа, полицајците не знаеле како да го разбудат возачот. Тие не можеле да го турнат или управуваат автомобилот, но на крајот возачот сам се разбудил. Толку се исплашил што наеднаш го дрзнал воланот и за малку ќе удрил во полициското возило, пренесува Вигибаларе.

За среќа, не дошло до несреќа, а возачот на Тесла подоцна појаснил дека го обземал замор: „Крајно ми е срам, тоа беше поради исцрпеност“, рекол тој на полицијата при сослушувањето. „Имав Тесла со автопилот што го направи возењето многу удобно“.

Мажот беше обвинет и осуден за несовесно возење. Тој рече дека не спиел претходната ноќ и дека бил под стрес бидејќи морал да го достави автомобилот на работа.

За потсетување, користењето на Autopilot бара трезен возач кој мора да го следи сообраќајот и да ги држи рацете на воланот. Секое користење на тегови е строго забрането.

Најново

Последни колумни