Што е поздраво – конзервирана туна во масло или во саламура?

Иако двата производи содржат туна како главна состојка, начинот на конзервирање може значително да влијае на вкусот, текстурата и хранливата вреднос

Туната секако е здрава, но сепак има разлики во начинот на чување додека е конзервирана. Конзервираната туна често е незаменлива состојка во брзите и хранливи оброци. Меѓутоа, кога купуваме конзервирана туна, во продавниците наидуваме на две главни верзии: туна во масло и туна во саламура – раствор на сол.

Иако двата производи содржат туна како главна состојка, начинот на конзервирање може значително да влијае на вкусот, текстурата и хранливата вредност.

Вкус и арома
За љубителите на посилни вкусови, туната во масло може да биде подобар избор. Маслото помага да се зачуваат природните вкусови на туната, што резултира со поизразен вкус. Спротивно на тоа, туната во саламура може да има поблаг вкус. Ако ви е важно туната да ја задржи својата интензивна арома, маслото е опција која може да го збогати јадењето, пренесува Index.hr.

Текстура
Освен во вкусот, разликата се чувствува и во текстурата. Туната во масло често ја задржува својата сочност и цврста структура, додека второто може да биде нешто посуво и помалку да ја задржи својата оригинална форма.
Ова може да биде клучно ако сакате туната убаво да се вклопи во салата или тестенини. Туната во саламура, поради нејзината малку помека текстура, полесно се сече, што може да биде практично за сендвичи или намази.



Калориска вредност
Една од најважните разлики помеѓу туната во масло и туната во сопствениот сок е количината на калории и масти. Туната во масло содржи околу 6,8 грама масти по порција, додека туната во саламура има многу помалку масти, само околу 2,5 грама.
Значи, ако внимавате на вашите калории или сакате полесен оброк, туната во саламура може да биде посоодветен избор. Исто така, помалку масти го олеснуваат варењето, а хранливите материи како што се протеините и витамините можат подобро да се искористат.

Секој вид туна има свои предности.
Туната во масло е одлична за збогатување на вкусот и текстурата, додека туната во саламура е полесна и хранливо поздрава. Изборот зависи од вашите цели во исхраната и преференциите за вкус. Без разлика на изборот, туната е богат извор на протеини и клучни витамини и е совршена за различни рецепти – од салати до сендвичи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни