Шокантен пораз за републиканците: Ени Ендрус го освои сенаторското место на Дарлин Греам

Демократката ќе биде првата жена избрана за сенатор од Јужна Каролина и првата демократка што победила во трката за Сенатот во оваа сојузна држава од 1998 година.

Демократката Ени Ендрус ќе победи во трката за американскиот Сенат во Јужна Каролина и ќе ја замени републиканката Дарлин Греам, прогнозира Си-Ен-Ен. Ендрус ќе биде првата жена избрана за сенатор од оваа сојузна држава, како и првата демократка што победила во трката за Сенатот во Јужна Каролина од 1998 година.

Последниот демократ што победил на сенаторските избори во оваа држава бил Фриц Холингс.

Јужна Каролина важи за цврсто републиканска сојузна држава. Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ја освои на претседателските избори пред две години со разлика од речиси 18 процентни поени. Дарлин Греам беше назначена за сенаторка во јули, на местото на нејзиниот брат Линдзи Греам, кој почина на 11 јули. На овие избори таа се бореше за целосен мандат.


Ени Ендрус има 45 години, по професија е педијатар и е мајка на три деца. Петнаесет години работела на Медицинскиот универзитет во Јужна Каролина. Својата кандидатура ја објави минатата година, при што уште тогаш призна дека како демократка во Јужна Каролина се соочува со исклучително тежок предизвик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс