Затворени избирачките места во сите американски сојузни држави, Алјаска гласаше последна

Со затворањето на избирачките места во Алјаска заврши гласањето на меѓуизборите на целата територија на Соединетите Американски Држави.

Во американската сојузна држава Алјаска штотуку се затворија избирачките места на меѓуизборите, со што заврши гласањето на целата територија на Соединетите Американски Држави. Во Алјаска, позната и како „Последната граница“, гласањето заврши во 21 часот по локално време, пренесува Си-ен-ен.


Американската телевизиска мрежа наведува дека прашањето кој ќе се најде на гласачкото ливче во трката за Сенатот во оваа сојузна држава било предмет на жестока судска битка само неколку дена пред изборите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс