Шестгодишно дете тешко повредено во Тетово, го прегазил неговиот татко

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна незгода во Тетово, откако било прегазено од возило управувано од неговиот татко. По несреќата детето било пренесено на лекување, а полицијата работи на расчистување на околностите.
ЈЗУ - Клиничка болница Тетово

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Тетово, откако било прегазено од возило управувано од неговиот татко, објавува „Скопско Ехо“.

Според првичните информации, несреќата се случила во Тетово, а детето се здобило со тешки телесни повреди.

По несреќата, детето било пренесено во здравствена установа, каде му била укажана медицинска помош.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а дополнително се утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.

Случајот е предмет на понатамошна полициска постапка за целосно расчистување на настанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс