Денеска, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, информираат од Ценгтарот за управување со кризи.
Од регистрираните пожари, шест се активни, еден пожар е под контрола, додека четири пожари се изгаснати.
Се уште е активен пожарот помеѓу општините Студеничани и Зелениково односно меѓу селата Морани, Вртекица и Рамни Габер, како и кракот кон село Палиград, над село Вражале.
Покрај овој, акривни се и пожарите во општините Гостивар, Чашка, Пробиштип и Градско а најчето гори ниска вегетавија и мешана шума.
Пожар под контрола е пожарот кај селото Тајмиште, општина Кичево, додека изгаснати пожари има во општините Сарај, Гостивар, Куманово и Берово.