Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор.
Од нив, шест пожари се активни, пет се под контрола, доека два пожари се изгаснати.
Активни пожари и во Општина Струга помеѓу селата Буринец и Локов каде гори нискостеблеста шума, потоа во Општина Сарај село Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација), Општина Студеничани, село Палиград (ниска вегетација и мешана шума); Општина Ѓорче Петров село Грачани (нискостеблеста шума); Општина Македонски Брод: село Белица, кај месноста Кајорец, на врвот (борова шума) и Општина Ново Село каде гори селската депонија.
Пожари под контрола има во општините Штип, Делчево, Зелениково и Македонски Брод.
Изгаснати се пожарите во општините Ресен и Кичево.