Search

Секое изедено парче лубеница ве оддалечува од лекарските ординации

Лубеницата важи за богат извор на антиоксиданси, витамини А и Ц и многу други хранливи материи, а она што ги прави особено уникатни е тоа што тие содржат многу помалку шеќер во споредба со другите тропски овошја.

Со оглед на тоа дека лубеницата содржи речиси 92 проценти вода, таа е вистинскиот избор во текот на летото. Правилната хидратација е од суштинско значење за одржување на здраво тело, бидејќи помага во варењето, ја регулира телесната температура и е неопходна за виталните функции.

Во продолжение прочитајте кои се нејзините здравствени придобивки.

Го зајакнува имунолошкиот систем
Лубеницата го зајакнува вашиот имунолошки систем и дополнително ја зголемува хидратацијата на организмот. Тоа е клучно за здравата функционалност на сите ваши телесни функции; го спречува заморот и ја одржува вашата енергија, ја ублажува главоболката, помага да се исфрлат токсините од телото и ја подобрува еластичноста на кожата со цел да се одржи младешкиот добар изглед.

Помага во одржување на тежината
Ако сакате да ја одржите вашата тежина или да изгубите тежина, лубеницата може да биде одличен додаток во вашата исхрана со оглед на тоа дека има висока содржина на вода и влакна и мала количина на калории и масти.

Го намалува крвниот притисок
Лубеницата влијае на правилната функција на нервниот систем и со тоа придонесува за намалување на крвниот притисок.

Лубеницата не е само летно уживање – тоа е хранливо овошје со бројни придобивки, а како што започнува сезоната, вклучете го во вашето дневно мени и погрижете се правилно да го консумирате!

Извор: ljepotaizdravlje.hr

Најново

Последни колумни