Секоја петта кола продадена годинава ќе биде електрична

Меѓународната агенција за енергетика предвидува дека цената на помалите модели на ЕВ ќе се изедначи на онаа на автомобилите на фосилни горива во следните неколку години. Речиси 20 отсто од сите нови возила продадени ширум светот ќе бидат електрични оваа година, се вели во новиот извештај на Меѓународната агенција за енергија. Тоа е раст од 35 отсто од година во година, вели организацијата, чии 42 земји членки претставуваат три четвртини од побарувачката на енергија на планетата.

Објавен во средата, Global Electric Vehicle Outlook предвиде дека повеќе од 14 милиони електрични возила ќе бидат продадени до крајот на 2023 година, надминувајќи ги рекордните 10 милиони купени во 2022 година. „Електричните возила се една од движечките сили во новата глобална енергетска економија која брзо се засилува. Тие носат историска трансформација на индустријата за производство на автомобили ширум светот“, рече извршниот директор на агенцијата, Фатих Бирол во изјавата.

Бирол додаде дека овој тренд сугерира дека до 2030 година, на глобално ниво ќе има за 5 милиони барели помалку гориво дневно. „Автомобилите се само првиот бран“, рече тој. „Наскоро ќе следат електрични автобуси и камиони“.

Електричните возила сочинуваа 14 отсто од глобалниот автомобилски пазар во 2022 година, што е огромно проширување од 4 отсто во 2020 година. Според проекциите на IEA, таа бројка ќе скокне на 18 отсто до крајот на 2023 година.

Кина се уште ја има водечката улога во понудата и побарувачката на електрични возила – 60 отсто од вкупната продажба на електрични возила во светот минатата година беше во Кина, според извештајот, а земјата е дом и на повеќе од половина од сите возила со нума емисии на патиштата денес. Европа и САД се на второто и третото место.

IEA предвиде дека електричните возила во просек ќе бидат 60 отсто од вкупната продажба на возила на тие три пазари до 2030 година. Агенцијата укажа на владините програми — како што се даночните стимулации и инфраструктурата на станиците за полнење содржани во Законот за намалување на инфлацијата на администрацијата на Бајден — како и цените за помалите модели кои се намалуваат за да се натпреваруваат со автомобилите со мотори со внатрешно согорување во следните неколку години.

Извештајот е оптимистичен и за растот на интересот за електричните автомобили во Југоисточна Азија, каде моделите со две и три тркала се попопуларни. Во Тајланд, продажбата на ЕВ се удвои во 2022 година за да достигне 3 отсто од уделот на пазарот, а во Индија и Индонезија тројно се зголеми на 1,5 отсто.

„Комбинација на ефективни политики и инвестиции од приватниот сектор веројатно ќе ги зголеми овие проценти во иднина“, велат од IEA.

е-Трн да боцка во твојот инбокс